Чулев: Убеден сум и понатаму ќе инсиситирам полицајците да ја добијат наградата која ја заслужуваат

Од:

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев имаше работен состанок со началниците на Секторите за внатрешни работи.

На состанокот, Чулев нагласи дека полициските службеници изминатиот период преземајќи широк спектар активности имале важна улога во справување со пандемијата од Covid 19, и покажале исклучително високо ниво на одговорност и професионалност.

„Но, нашата работа не застанува тука, ние и понатаму имаме одговорност да се грижиме за здравјето, животот и безбедноста на граѓаните, потенцираше Чулев на состанокот.

Изминатиот период полицијата покажа дека е блиска со граѓаните, се грижи за нивната безбедност и здравје и таквиот пристап треба да продолжи и во иднина. Во таа насока Чулев потенцираше дека секторите за внатрешни работи преку своите организациски единици и во иднина треба да ги преземаат соодветните мерки во насока на контрола и одлуките на Владата кои се насочени кон превенција од Коронавирусот и понатаму неселективно да постапуваат во спроведување на законите и соодветно санцкионирање на нивните прекршители. Со таквиот начин на работа ќе ја потврдат стратешката определба на Министерството за внатрешни работи, за законитост, неселективност и транспаретноста во работењето.

Како министер за внатрешни работи тој и понатаму останува на ставот дека законите треба да се спроведуваат во целост и дека полициските службеници треба професионално и одговорно да постапуваат при извршување на своите работни задачи. Убеден сум и понатаму ќе инсиситирам тие да ја добијат наградата која ја заслужуваат со одговорносто извршување на работните задачи, заклучи Чулев.

Би можело да ве интересира

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он