Безживотно тело забележано во Вардар кај Градско: полицијата не успеала да го извади, се движи кон Неготино

Од:

Во реката Вардар, кај село Уланци, Општина Градско е забележано безживотно човечко тело, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи Велес.

Оттаму посочуваат дека телото било забележано од страна на полицијата од СВР Велес.

– Полицијата се обидела да го лоцира на неколку пунктови но безуспешно, па поради големиот водостој безживотно тело се движи кон Општина Неготино, стои во соопштението од ЦУК.

Дополнуваат дека за случајот е известена Дирекцијата за заштита и спасување и Локалната самоуправа.

Би можело да ве интересира

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар