Чоловиќ Лешоска за прогласувањето на третото Рамсарско подрчаје: Да се стави крај на загадувањето и непланската урбанизација

Од:

Македонија го назначи Охридско езеро како свое трето и најголемо Рамсарско подрачје, 2449 по ред на листата на водни живеалишта од меѓународна важност. Охридското езеро се смета за најдлабокото езеро по просек во Европа и е светско заштитено подрачје од 1979 година.

Езерото располага со чиста вода богата со кислород која придонесува кон изобилството на видови, што го прави езерото живеалиште со рекордна стапка на биодиверзитет во светот. Дом е на повеќе од 1.200 видови на животни и растенија, од кои 200 се ендемски и заштитени, како слатководниот полжав, ендемската белвица, и белокрилата црнка.

– Прогласувањето на Охридско и Студенчишко блато е голем успех за што е заслужно Министерството за животна средина и просторно планирање но и граѓанскиот сектор, што покажува дека доколку работиме заедно, можеме да постигнеме многу. Иако прогласувањето е за поздрав, мора да бидеме свесни дека ако самите не го чуваме ова природно богатство, лесно можеме да го изгубиме, затоа, сите мерки треба да се стават во функција на спречување на загадувањето, непланската урбанизација, узурпацијата на крајбрежјето и уништување на трската и блатото. Неопходно е започнување со стратешко планирање на одржливи решенија кои ќе придонесат кон развој на регионот и туризмот, а воедно ќе ја заштитат природата и човековото здравје, вели Ана Чоловиќ Лешоска, координаторка за политики во WWF.

Ова езеро се формира примарно од потоци, додека дождот и водата од соседното Преспанско езеро преку подземни водни текови во карстниот предел се слеваат во езерото. Овие канали се со разновиден хемиски состав и креираат уникатни микроживеалишта каде живеат глобално уникатни без’рбетници. Овие услови богати со кислород овозможуваат чиста вода за вертикалните живеалиштата кои се протегаат до 150 метри длабочина, и кои поддржуваат ендемски таксони од фитоплантонот па се до предаторската риба.

Во овој предел на источниот брег исто така се наоѓа и мочуриштето Студенчиште, што пак вклучува алкални хранливи материи за прочистување и овозможува услови за гнездење, мрестење, и презимување на различни птици и риби. Мочуриштето за жал е жртва на човечките актвиности и во последните години се намалува, а живеалиштето се деградира, но сеуште важи за дом на меѓународно ретки растенија, инсекти, ендемски без’рбетници, како и заштитени видови на влекачи и водоземци.

Луѓето живеат околу брегот на ова езеро во изминатите 8000 години, што го прави пределот погоден за палеолошки истражувања. Денес ова езеро не само што овозможува чиста вода за пиење за илјадници граѓани, но и допринесува многу за регионалниот туризам.

Би можело да ве интересира

Зголемен ризик за загадување, прекумерен риболов и урбанизација на Охридскиот регион и езерото

„Фронт 21/42“: 17 граѓански организации бараат итно спроведување на меѓународното законодавство за законите за Охридско Езеро и Студенчишко Блато

Езерската полиција спасила две малолетни лица во водите на Охридското Езеро

Предраг Петровиќ

Маж од Неготино се удави во Охридското Езеро

Холанѓанец удрил во камен во Охридко езеро, пренесен е во болница

Анита Петровска Рајковиќ

Бојмацалиев: Со пет пловни објекти ја гарантираме безбедноста на границата и на Охридското Езеро

A1on