Чолакова – Дервишова за штрајкот на матичните: Не може да има за џипови и за патарини, а да нема за лекарите

Од:

Матичните лекари од утрово штрајкуваат, ги примаат само пациентите кои се итни случаи и не работат преку системот „Мој термин“. Нивните барања се покачување на капитациониот бод, укинување на казните за пропишување лекови по истечен извештај од специјалист, менување на правилниците за работа, а за нив неприфатливи се и новите давачки за акредитација на ординациите и за заштита на лични податоци.

Матичната лекарка Лилија Чолакова – Дервишова, претседателка на Здружението на приватни лекари на Република Македонија вели дека никој од надлежните не ги побарал.

„Освен кусиот разговор со заменик – министерот Рендевски синоќа, кој побара уште време за дооформување на работните групи кои треба да работат на решавање на проблемите, нема никаква реакција. Никој ниту не побара денес, ниту покажа некаков интерес. Не очекуваме ниту попладне да не побараат. Ќе продолжиме со штрајкот до крајот на работното време, а за следните чекори дополнително ќе носиме одлуки. Колегите се револтирани, неиздржливи се условите во кои работат и веќе има предлози за петдневен прекин на работата. Игнорантскиот однос веќе не сакаме да го толерираме, не може да има за џипови и за патарини, а да нема да лекарите“, изјави претседателката Чолакова – Дервишова за „А1он“.

Таа нагласи дека три ординации од Велес веќе се затвориле поради огромните трошоци, дел од ординациите во Прилеп се иселуваат од Здравствениот дом поради големата кирија, а уште многумина излез гледаат само во затворање на амбулантите.

Пред две недели, кога првпат престанаа со работа матичните лекари, заменик – министерот Владимир Рендевски им вети дека ќе се формираат работни групи кои ќе бидат задолжени да најдат решенија на сите проблеми што ги посочуваат, но групите не почнаа со работа.

Од Министерството за здравство денес молчат за штрајкот на лекарите. Кабинетот на министерот не одговори на прашањата од „А1он“ зошто две недели не одговараат на барањата за матичните лекари, а истовремено бараат дополнителна соработка од нив за кревање на процентот на вакцинација на населението, како што најави Комисијата за заразни болести вчера.

Би можело да ве интересира

Продолжува штрајкот на специјализантите: „Нема желба од Владата да се решат нашите проблеми“

Орце Костов

(ВИДЕО) „Срамота е, на онкологија нема доктори, а овие млади чекаат работа“: Поддршка од граѓани за специјализантите

Орце Костов

(ВИДЕО) Немаме партиски, имаме крводарителски книшки: Специјализантите штрајкуваат и чекаат одлука на Влада

Орце Костов

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

Матичните лекари згрозени од убиството: Треба ли да се плашиме дека некој после работа може да не убие

Горан Наумовски

Џафери: Закажани се избори, не може да се потпишат колективни договори, протестите на универзитетите се за дневни политики