Чолакова-Дервишова: Не матичните туку лекарите од превентива и од вакциналните пунктови треба да работат во новите ковид-амбуланти

Од:

Илјадници забелешки јавно доби вчерашната најава на Комисијата за заразни болести за отворање на пет нови ковид- амбулатнти од следната недела во кои по принцип на ротации ќе работат матичните лекари. Најголемите забелешки се токму од матичните лекари. Дел од нив велат дека не се против отворање ковид-амбуланти, но бараат да се преиспита одлуката бидејќи вака предложена ќе значи пациентите да останат без лекари во периодот кога тие ќе дежураат што ќе направи хаос во здравствениот систем.

„Дежурства за многумина од матичните лекари ќе значат ставање клуч на сопствените ординации од кои зависат цела армија пациенти и во кои многу од нас вложиле сè што имаат. Јас не можам да си дозволам да ги оставам моите пациенти еден ден  без лекар оти во текот на денот имам секакви случаи и многу често потребно е итно да пропишам терапија, а по ново, да не зборувам колку е итно тоа што и онколошки пациенти се обврзани лабораториските наоди да ги испечатат кај матичен лекар. Ние сме преоптоварени со обврски, ни натоварија и едно чудо административни работи што треба да ги завршуваме, а во овој период голема е бројката на матични лекари кои немаат замена. Во тек се одмори, многу матични лекари и самите се пациенти со секакви заболувања па принудени се да отсуствуваат од работа. Ние не сме против ковид-амбуланти, но сметам дека во нив треба да работат лекарите кои сега, а и во цела пандемија не само што не беа оптоварени со обврски туку речиси и немаа работа. Такви се лекарите за школска превентива кои се вработени во здравствените домови, оние од вакциналните пунктови, а можат во новите амбуланти по неколку часа да работат и специјализантите. Не е во ред некој три години да работи без слободен ден, а некој воопшто да не види пациент како многумина од вработените во здравствените домови“, вели Лилија Чолакова-Дервишова, претседателка на Здружението на приватни лекари на Република Македонија.

Матичните лекари веќе се чувствуваат како единица за брзо распоредување, вели Чолакова-Деришова, оти за сенешто нив ги реорганизираат и на нивен грб се прават промените. Тие годинава трипати преку штрајк го искажуваа незадоволството од состојба во која се наоѓаат, а здравствените власти место да одговорат на нивните барања, решија да им дадат дополнителни обврски.

Чолакова-Дервишова овие, но и ред други забелешки лично му ги пренела на министерот за здравство Беким Сали и очекува Комисијата за заразни болести да ја преиспита одлуката и да ја прекине практиката за матичните лекари одлуки да носат лица кои ниту еден ден не работеле во ординација.

Комисијата за заразни болести вчера соопшти дека за да го намали притисокот што сега го имаат матичните лекари ќе се отворат пет нови ковид-амбуланти во здравствените домови во Скопје, оти тука има најмногу новозаразени. Планот е матичните лекари да се организираат за дежурства во ковид-амбулантите, а за тоа време нивните пациенти да ги презема замената.

Би можело да ве интересира

Матичните лекари згрозени од убиството: Треба ли да се плашиме дека некој после работа може да не убие

Горан Наумовски

Чолакова Дервишова: „Мој Термин“ пак не работи, илјадници пациенти не можат да добијат хронична терапија

Орце Костов

Покачувањето од овој месец матичните лекари ќе го добијат во април, Фондот не го намалува рокот за исплата од 60 дена

По низата штрајкови годинава: матичните лекари добија покачување на бодот, ќе се пресметува од јануари

Сали и денес не ги повика матичните на разговор: Ова не е протест, ова е штрајк

Маја Илиевска-Пачемска

Дел од матичните не штрајкува: Во бели мантили треба да излеземе пред Владата  

Маја Илиевска-Пачемска