ВИДЕО: Членовите на ДИК ќе останат без бонуси за референдумот

Од:

Наместо предвидените 3,5 милиони евра, Државната изборна комисија оценува дека референдумот ќе чини 2,9 милиони евра.

Претседателот на ДИК, Оливер Деркоски, вели дека се обиделе да ги рационализираат трошоците за организирање и спроведување на референдумот.

„Има намалување на предвидените трошоци за околу 20 проценти, од 210 милиони денари, на 169.770 милиони денари”, вели Деркоски.

Во финансискиот план за распределба на средствата за референдум не се предвидени пари за надоместоци за членовите на ДИК.

„Предвидени се 80 милиони денари за надоместоци за избирачките одбори, општинските изборни комисии и дипломатско конзуларните претставништва, но не и за ДИК”, рече Деркоски.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште