ВИДЕО: Членовите на ДИК ќе ги донираат или вратат парите во буџетот

Од:

Членовите на ДИК поединечно се изјаснуваат дали ќе ги вратат парите што си ги доделија како бонус за ангажманот за изборите бидејќи американскиот амбасадор Џес Бејли ги посочи како негативен пример.

Членот на ДИК, Виолета Дума, која прва се јави за збор на седницата, рече дека одлуката е легална во согласност со член 19 од Изборниот законик.

„Ќе ги вратам или донирам парите кога ќе ми бидат исплатени на оние на кои им се најпотребни иако сметам дека сум ги заслужила поради ангажманот што се вреднува според правилникот во однос на обемот на работа, сложеноста, трудот и квалитетот на работа“, рече Дума.

Субхи Јакупи се согласи дека и тој ќе ги врати парите. Рече дека можеби станувало збор за висок надоместок, но тоа значело дека се цени трудот. Тој не знаел дека оваа информација не е позната во јавноста и рече дека се залага за транспарентност бидејќи не сака да се создаде впечаток дека тие нешто криеле од јавноста.

Сашо Срцев изјави дека е зачуден што се пример за корупција. Ниту за него не е проблем да ги донира бидејќи и претходно донирал.

„Ќе изразам зачуденост од вперувањето со прст во ДИК како школски пример за корупција. На моето семејство не му требаат пари за свеќи и пченица“, рече Срцев.

На денешната седница се дискутира за надоместокот што треба да биде исплатен за локалните избори. Станува збор за надоместок за четири месеци, при што членовите на Комисијата добивале плати од 60 до 72 илјади денари.

Г.Н.Р.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште

ДИК: Гласањето во четирите општини се одвива без нарушувања

Горан Наумовски

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Заклучен е Избирачкиот список за повторените избори во општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа