Членови на Интерпартиската парламентарна група за правата на ЛГБТИ лицата во студиска посета на Холандија

Од:

Пратениците Маја Морачанин, Павле Богоевски, Лилјана Поповска, Славица Шуманска-Митева, Јагода Шахпаска, Снежана Калеска-Ванчева и Емилија Александрова, членови на Интерпартиската парламентарна група за правата на ЛГБТИ лицата од денеска престојуваат во четиридневна студиска посета во Холандија.

Целта на посетата, информираат од собраниската прес-служба, е презентирање на најдобрите парламентарни пракси за работа на ова поле, како и презентирање на пракси за подигнување на свеста за не насилство, спречување на говор на омраза и дискриминација.

Поканата за учество на студиската посета е од организацијата ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, во рамките на Проектот „Собранието и локалната самоуправа во унапредувањето на правата на ЛГБТИ луѓето“, поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија.

Во рамки на студиската посета предвидена е посета на Парламентот во Хаг и средба со пратениците одговорни за креирање на политиките од областа на ЛГБТИ прашањата, средби со локални политичари, посета на институции и средби со невладини организации, кои работат на застапување заедно со холандските пратеници.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги