Чижов: Приемот на Северна Македонија во НАТО може да го дестабилизира Балканот

Од:

Приклучувањето на Северна Македонија во НАТО може да го дестабилизира целиот Балканскиот регион, а проширувањето на Алијансата да ја загрози европската безбедност, оценива амбасадорот на Русија во ЕУ Владимир Чизов во интервју за „Известија“.

– Ние разбираме дека целата работа со Преспанскиот договор е направена за да се овозможи побрзо приклучување на Македонија во НАТО. За нас сликата е сосема јасна: земјата за уши се влече во Алијансата. Тоа има негативно влијае врз европската безбедност и стабилноста во Балканскиот регион, вели Чизов.

Рускиот амбасадор во ЕУ оценува и дека процедурата за промена на името, според зборовите на претседателот Ѓорге Иванов, поминала „со повреда на Уставот и неуверливи резултати од референдумиот“.

Според Чизов, проширувањето на НАТО е обид за справување со предизвиците на 21 век, но со средства и механизми создадени во средината на 20 век.

Би можело да ве интересира

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

Литванија: НАТО итно подигна борбени авиони поради непознат објект

Американски генерал: Путин игра опасна игра, но НАТО е многу помоќен од Русија

А1он

Москва: НАТО забрзано и стихијски се вооружува

Горан Наумовски

НАТО подготвува план за руски напад, дроновите вештачката интелигенцијаи треба да бидат првата линија на одбрана

Италијански војници по грешка пукаа во свои, има тешко повредени