Чифлиганец и Савова пробувале да влијаат врз истрагата за Камчев и Мијалков

Од:

Ванчо Чифлиганец, сопственикот на градежната компанија „Адора инжинеринг“, бил кај обвинителката Лиле Стефанова за да се интересира за предметот „Империја“, кажа таа на денешното сведочење пред Кривичниот суд за случајот „Рекет“.

„Во какви односи сте со Чифлиганец?“, праша адвокатката на Катица Јанева, Ирена Фрчкоска.

„Не знам што мислите под блиски. Љубовница не знам која му е. Го познавам, но не сме во лични пријателски односи“, рече Стефанова.

Тој од неа барал информации зошто се води истрага против бизнисменот Орце Камчев и поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков.

„Нормално, не оддадов никакви информации за предметот и го продолживме разговорот на други теми”, рече Стефанова, додавајќи дека Чифлиганец и Камчев имале заеднички бизниси и заедничка фирма.

Таа вели дека Камчев постојано наоѓал начини и „врски“ за да се информира и да влијае на истрагата за Империја, но не сакаше да каже преку кои посредници.

Стефанова спомена и писмо напишано од Наташа Савова за да се олесни положбата на Камчев во истрагата.

„Во ноември 2018 година го викнав осомничениот Камчев во СЈО од притвор. Во моментот додека стручниот соработник го носеше адвокатот во просторијата, Камчев искористи еден момент и ми извади еден лист хартија од џеб и рече: ’Читај за да се запознаеш со мене‘. Горе на листот стоеше лого ’Аџибадем Систина‘. Текстот беше напишан од Наташа Савова. Ми беше препорачано да разговарам со Сашо Мијалков за тие да бидат ослободени од оваа истрага. Камчев ми укажа дека многу луѓе се околу него и може да влијае на истрагата“, сведочеше Стефанова.

Обвинителката Стефанова веќе 2,5 часа сведочи пред судот за случајот Рекет во кој обвинети се Бојан Јовановски и Катица Јанева за изнуда на 1,5 милиони евра рекет од бизнисменот Орце Камчев.

Би можело да ве интересира

Маж од Битола и се заканувал и изнудувал пари од сограѓанка

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава

(АУДИО) Русковска не знае дали е таа на новите бомби за кои кажа дека се од „Рекет“, па сега не знае што врска имаат со предметот

Кристијан Ландов

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов