Чичко го малтретирал 10-годишниот аутистичен внук: Го врзал за дрво во Градскиот парк

Од:

Грозоморна глетка ги затекнала вчера посетителите на Градскиот парк во Скопје, кога виделе како човек врзал со гума дете за дрво и го малтретирал, а неговата 9-годишна сестра ја мавал со прачка. Еден од посетителите го снимил овој морничав настан и го пријавил човекот во полиција.

Случајот завршил во Единицата за насилен криминал – се утврдило дека станува збор за чичко на 10-годишно момче со аутизам и за неговата сестра. Родителите наводно ги оставиле децата на чување кај чичкото, а тој се изживувал со нив и ги малтретирал, за што впрочем говорат и направените снимки.

До Основното јавно обвинителство од страна на Единицата за насилен криминал поднесени се пријави и против родителите и против чичкото, за запуштање и малтретирање малолетно дете.

Од обвинителството се чека дали ќе им биде одредена мерка притвор.

 

Би можело да ве интересира

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он