Чичаковски: Надминувањето на изборниот праг го доведува во прашање еднаквото право на глас

Од:

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Чичаковски смета дека надминувањето на законскиот праг на број на гласачи во изборните единици во земјата го доведува во прашање еднаквото право на глас.

– Надминувањето на прагот од +/- 5 отсто дефинитивно го доведува во прашање еднаквото право на глас на сите граѓани во Република Македонија, изјави денеска Чичаковски, кој беше на средба со претседателот и членовите на Агенцијата за медиуми.

Засега нема информации ниту од Министерството за правда ниту од партиите дали до распуштањето на Парламентот ќе има предлог за прекројување на изборните единици.

Изборниот законик предвидува бројот на запишаните гласачи во шесте изборни региони во Македонија да не отстапува повеќе од пет проценти. Според последните податоци на ДИК, во Шестата изборна единица запишани се 310.721 гласач и има отстапување од 5,28 отсто.

Би можело да ве интересира

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште