Чичаковски, Дума, Милев, Бонева и Јакупи добија апанажа

Од:

Петмина поранешни членови на Државната изборна комисија ќе добијат апанажа, одлучи собраниската Комисија за избори и именувања. Апанажа во траење од една година ќе добијат поранешниот претседател на ДИК, Александар Чичаковски, како и членовите од редовите на СДСМ – Виолета Дума и Игор Милев, Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ и Субхи Јакупи од ДУИ.

Другите тројца поранешни членови на ДИК, Реџеп Прекопуца, Атанас Урумов и Сашо Срцев не побарале апанажа. Тие се враќааат на претходните работни места.

Членовите на ДИК поднесоа оставки по обелоденувањето на скандалот со делење високи бонуси на изборите.

Би можело да ве интересира

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште