Чибишев: Владата на СДСМ нема никакви конкретни мерки за справување со загадувањето

Од:

Андон Чибишев од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите рече дека СДСМ и Заев за изминатите три и пол месеци станале репер како не треба да се управува и води една држава.

– Владата на СДС нема никакви конкретни мерки за надминување на проблемот со загадувањето на воздухот. Оваа нееколошки ориентирана влада темата за загадувањето ја користи за дневно политички маркетинг без суштинско делување. За 120 дена влада има спроведено нула мерки за заштита на животната средина и презентира само декларативни заложби од кој никој нема фајде. За СДС и Заев во изминатиот период додека се на власт поважни беа бизнис зделките и личното богатење на партиските функционери, отколку здравјето на граѓаните кое беше загрозено од дивите депонии кои непрестано гореа во Тетово и Струга, рече Чибишев.

Тој рече дека за СДСМ и Заев поважно било да потрошат огромна сума на народни пари за луксузирање и шетање низ светот, отколку да одделат скромни средства за помош на граѓаните погодени од поплавите и земјотресите.

– Наместо да се зафатат со работа и со решавање со загадувањето во градовите, наместо да се зафатат со локализирање шумските пожари кои непрестано дивееја и каде изгореа над 100-хектари шума, тие организираа протест за здрава животна средина, каде и нивни функционери се сликаа за медиумите, вели Чибишев.

Тој додаде дека СДСМ со програмата „План за живот“ ветувале подобар и поквалитетен живот за сите, но не реализирале ништо од ветеното и наместо просперитет и подобар живот донесле стагнација и хаос.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Најостро ја осудуваме навредата на СДС дека народот и граѓаните се „будали”

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се виновни за раздвојувањето на Албанија од Македонија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Придонесот на СДС за ЕУ е раздвојување на Албанија од Македонија, за чии интереси работи Битиќи?

(ВИДЕО) Лефков: СДС како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери

ВМРО-ДПМНЕ: Орбан го пукна балонот на СДС, парите за кредитот се европски, а не кинески

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е гејша за сите што не ѝ мислат добро на Македонија