Чибишев: Деновите по пожарот во „Пулс“ беа најтешки во мојата докторска кариера

Од:

Денеска се навршува една година од трагедијата во дискотеката „Пулс“, во која згаснаа многу млади животи, а голем број присутни таму таа вечер беа повредени. Тој и наредните триесетина дена беа еден од најтешките периоди од мојата докторска кариера – објави на својот фејсбук-профил проф. д-р Андон Чибишев.

На Универзитетската клиника за токсикологија, посочува докторот, беа хоспитализирани дваесетина тешки пациенти поради акутно труење со отровни гасови, а во периодот што следуваше поминаа и голем број пациенти кои таа вечер биле присутни во дискотеката.

Тој наведува дека со крајно професионална, стручна и посветена работа и грижа целокупниот персонал на Клиниката успеа да ги стабилизира овие млади пациенти и тие сите денес се со своите семејства.

„Упатувам искрена благодарност до целокупниот персонал на Универзитетската клиника за токсикологија и сите сродни клиники и институции, кои во тој тежок период ни даваа логистика и несебична помош во справување со оваа трагична ситуација. Бог да ги прости сите што ги изгубија животите. Господ да им даде сила на сите што изгубија блиски во несреќата да продолжат понатаму. Никогаш повеќе да не се повтори“, наведува Чибишев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Инсталацијата „63 бели столчиња“ во чест на загинатите во трагедијата во Кочани

Горан Наумовски

Минута молк во Пробиштип за настраданите во пожарот во кочанскaта дискотека „Пулс“

Горан Наумовски

Со минута молк, во 2.32 часот оддадена почит во спомен на трагично загинатите во пожарот во Кочани

Горан Наумовски

Заедно во тишина со нашите 63 ангели – собир во 02.15 пред „Пулс“

Јовиќ: Србија прими 30 пациенти по пожарот во Кочани, 17 беа лекувани во Клиниката за пластична хирургија и за наша среќа сите преживеаја

Катерина Ѓуровски

Штипската болница во првите шест часа примила околу 120 до 130 повредени од пожарот во Кочани

Катерина Ѓуровски