Четврток пороен дожд и грмежи

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде сончево и топло со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Кон крајот на денот во северните делови ќе има зголемување на облачноста со услови за локален краткотраен дожд и со ретка појава на грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 18, а дневната од 28 до 35 степени.

Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб северен ветер. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе достигне до 32 степена.

УВ-индекстот ќе изнесува 7.

Во четврток, под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. На места ќе има услови за невреме проследено со засилен ветер, електрични празнења и појава на град. Нестабилноста ќе биде повеќе изразена во јужните и источните делови на земјата. Дневната температура ќе опадне и ќе се движи од 24 до 31 степен.

Би можело да ве интересира

Топло денеска, ќе има и дожд во следните денови, од вторник пониски температури

Заладување од вторник

Сончево со температури до 32 степени

Сончевро време со температури до 29 степени

Сончево со мала облачност, попладне локално дожд и ветер

Сончево време со темеператури околу 30 степени