Четвртата и последна етапа од Вардарската регата „Гемиџии“

Од:

Учесниците на Вардарската регата „Гемиџии“ изутринава ја почнаа четвртата и последна етапа од Вардарската регата „Гемиџии“. Последната етапа на пловидба низводно Вардар денеска е од Марвинци до мостот под Гевгелија.

Инаку, над 150 учесници на Вардарската регата „Гемиџии“ од под Мало Мовче во водите на Вардар во Велес тргнаа во четвртокот со десетина гумени чамци, дрвен сплав, потпомагала од повеќе десетина кајакари. Првпат запловија и со новоизработената дрвена гемија по примерот на онаа со која пловеле велешките трговци по Вардар до Солун пред сто и повеќе години.

Учесниците на петата возобновена односно 16.Вардарска регата „Гемиџии“ имаа голема голема логистичка подршка од копно од АРМ и МВР, како и од Дирекцијата за заштита и спасување.
Учесниците во регатата синоќа го имаат последниот логор кај селото Марвинци.

Би можело да ве интересира

Вардар само што не се излеа во центарот на Велес

Поради излевање на Вардар пренасочен сообраќајот на патот Гостивар-Чегране, снег на Деве Баир, Делчево, Страцин и Пониква

Катерина Ѓуровски

Критично ниво на реките: Треска четири, а Вардар два и пол пати над просекот

Катерина Ѓуровски

Тело на 71-годишен маж од Скопје е пронајдено во Вардар

После четири години истрага, поднесено е обвинение за несреќа каде загина работник во сепарација на Вардар

Горан Наумовски

Успешната соработка продолжува: Новоматик Македонија и во следната сезона генерален спонзор на ФК Вардар

Предраг Петровиќ