Четврта седница на Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК

Од:

Во Центарот за управување со кризи во тек е седница на Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК, како оперативно стручно тело што раководи со активностите за превенција и справување со кризни ситуации.

Со седницата на Главниот штаб, како што соопштија од оттаму, раководи, в.д., директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, а присуствуваат претставници на субјекти во Системот за управување со кризи назначени согласно и Законот за управување со кризи.

-Видеоконференциската седница е во насока и со цел за поголемо и посеофатно дејствување во правец превенција и справување со ширењето на заразната болест „COVID-19“ предизвикана од вирусот „SARS-CcV-2“, заштита на здравјето и животот на населението преку сеопфатно координирани мерки и активности на субјектите во Системот за управување со кризи, како и рационалнио и ефикасно искористување на расположивите национални ресурси. Секако, со Акцискиот план, беа утврдени и активностите на институциите за наредниот период, се вели во соопштението.

До сега, се додава во него, се утврдени силите и средствата со коишто Армијата дава поддршка на Министерството за внатрешни работи и на Министерството за здравство, согласно Акцискиот план и Законот за управување со кризи со флуиден ангажман во поглед на бројот, средства и капацитети согласно потребите и условите околу болnичките установи каде што се третираат „ковид“ пациенти.

-Денеска Армиските припадници се веќе на терен, согласно вчера потпишаната Одлука на претседателот Пендаровски, а и информирањето на јавноста од страна на министерката за одбрана, Шеќеринска. Активностите и координацијата од ЦУК е во контекст на потребата за учество на дел од Армијата, согласно Стратегискиот одбранбен преглед, а што се остварува на предлог на Управувачкиот комитет по работата на Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК, што, пак, е континуитет на процената на Групата за процена. Притоа, на седниците на Главниот штаб за управуање со кризи при ЦУК, конкретно се изврши определување на видот и број на силите и капацитетите на армиските единици, намена и задачи за коишто се бараат, а и времетраење на конкретни активности и ангажмани на армиската единица, велат од Главниот штаб.

Инаку, обемниот и содржаен, Акциски план што го изготви Центарот за управување со кризи, е во директна насока за превенција и справување со ширењето на заразната болест „COVID-19“ предизвикана од вирусот „SARS-CcV-2“ и има и преглед за расположивите човечки и материјално технички ресурси и план за координирано дејствување. Центарот за управување со кризи е во постојано заседавање, а работи и за зајакнување на капацитетите на Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК и со надворешни соработници од невладиниот сектор.

Би можело да ве интересира

Активни се пет пожари во Македонија, шест се под контрола

А1он

Активни се пет пожари, два се ставени под контрола

Седум пожари им задаваат проблеми на пожарникарите

Горан Наумовски

ЦУК: 16 пожари на отворен простор, 7 се активни

А1он

Активни се четири пожари: Гори кај Дојран, Велес, Македонски Брод и близу Велес

ЦУК: Активни се пожарите близу Велес, Македонски Брод и кај Василево