Четворица повредени во три сообраќајки во тетовско

Од:

Четири повредени лица и вкупна материјална штета од околу 550 илјади денари се последиците од трите сообраќајни незгоди што вчера попладне и изминатата ноќ се случиле во тетовско, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски. Сообраќајка со посериозни последици по луѓето се случила ноќеска околу 2 часот на регионалниот пат Тетово-Волковија во селото Брвеница.

– Патничко возило „БМВ“ со тетовски регистерски таблици, управувано од И.П. (29) од Брвеница, загубило контрола и излетало од коловоз. Од излетувањето возачот и сопатничката во возилото Н.С.( 21 ) од истото село поради задобиените повреди биле пренесена во тетовската болница. По укажаната лекарска помош бидејќи сопатничката имала тешки телесни повреди итно била префрлена на скопските клиники додека возачот по укажаната помош бил пуштен дома. По овластување на јавен обвинител извршен е комплетен увид на местото на несреќата. Првично причина е неприлагодена брзина според условите на патот односно пребрзо возење додека вкупната материјална штета се проценува на 100 илјади денари. рече Јосифовски.
Пребрзо возење било причината и за сообраќајката што вчеравечер околу 22 часот и 50 минути се случила на улица „Илинденска“ во Тетово во непосредна близина на угостителскиот објект „Молина“ сопственост на Б.А. (35) од Стримница. Патничко возило „БМВ“ со тетовски таблици што го управувал Џ.И. (24) од Голем Речица загубило контрола и удрило во три паркирани возила, два автомобили “Голф“ и еден „Шеволет“, сите со тетовски таблици, како и во ресторанот при што оштетило и дел од неговиот инвентар.

Од излетувањето и удирањето возачот на возилото „БМВ“ како и возачот на возилото „Шеволет“ Ш.Х. (31) од Шипковица, кој во тој момент бил во возилото, задобиле телесни повреди, биле пренесени се во тетовската клиничка болница и по добиената лекарска помош биле пуштени на домашно лекување. Вкупната материјална штета се проценува на 300 илјади денари.

Без повредени лица завршила сообраќајката во која патничко возило „Пежо 206“ со германски регистерски таблици управувано од 18-годишниот тетовец И.Б.(18) загубило контрола и удрило во две паркирани возила „Голф“. Несреќата се случила вчера попладне околу 17 часот на улицата „180“ во Тетово пред една од станбените згради. При тоа причинета е материјална штета која се проценува на 150 илјади денари додека полицијата извршила увид и работи на утврдување на причините и се друго поврзано со несреќата.

Би можело да ве интересира

Во прекин сообраќајот на патот Радовиш-Штип поради сообраќајка

А1он

Судар меѓу воз и автобус, многу повредени

Предраг Петровиќ

Му откажале кочниците на „мерцедес“ и удрил во објект на Царинската управа

Од пат излета „астра“ во Македонска Каменица, четири момчиња се повредени

27-годишен маж со мотоцикл удрил во возило, па завршил во болница

Возач загина на стариот пат Ѓавато-Тополчани