Четворица повредени во тешка сообраќајка на патот кон Козјак

Од:

Вчера попладне, во 16.00 часот на регионалниот пат за ХЕЦ „Козјак“- село Батинци, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко „ауди А4“, управувано од 24-годишниот Е.Р. од Скопје и патничко возило „фолксваген венто“, управувано од 42-годишниот М.М. од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки, соопшти МВР.

– Во несреќата со тешка телесна повреда се здобила сопатничка од возилото „фолксваген венто“, Ѓ.Б.(41) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле сопатничка од истото возило, Ѓ.М.(39), како и возачот на „ауди А4“, Е.Р. и неговата сопатничка З.Р.(82), констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, соопшти МВР.

Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајка близу „Стража“, има повредени

Пет лица повредени во судир на три возила на скопската обиколница

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски