Четворица повредени во сообраќајка на патот Куманово-Липково

Од:

Четири лица се повредени во судир на три возила што се случил утрово во 7.40 часот на регионалниот пат Куманово-Липково во близина на подружницата на Ј.П Македонски шуми.

Првото возило марка „БМВ“ управувано од 31 годишниот Б.Ф. доаѓало од Липково кон Куманово, а од спротивната страна биле „Опел Астра“ управувано од 25 годишниот С.Ц и третото „Волсфаген комби“ управувано од М.П., 33 годинишен од Куманово.

Како што информираат од МВР, возачот на БМВ-ето се здобил со тешки телесни повреди, неговиот сопатник 45 годишниот Б.А со телесни повреди, а повреден е и патникот во комбето Б.Т роден 1977. Сите повредени се пренесени во кумановската болница каде што им е укажана лекарска помош.На местото на несреќата се уште трае увидот по налог на Основно јавно обвинителство. По завршувањето ќе се знае причините и околностите под кои дошло до сообраќајната незгода.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он