Четворица повредени во сообраќајка на автопатот „Гоце Делчев“

Од:

Полицијата извести дека вчера во 19.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот „Гоце Делчев“, Свети Николе – Скопје, во близина на село Коњари, се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило „фолксваген голф“ управувано од 21-годишниот Б.С. од село Танушевци – општина Чучер Сандево и возило „пежо“ управувано од 61-годишниот Б.Д. од Скопје.

– Во несреќата со тешки повреди се здобила сопатничка од возилото „пежо“, Б.Д.(57) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле уште една сопатничка од истото возило Б.С.(58) од Скопје, возачот Б.С. и неговата сопатничка М.Б.(23) од сeло Танушевци, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ и градската општа болница „Св.Наум Охридски“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он