Четворица повредени во сообраќајка кај Глумово, возачот кој ги удрил побегнал

Од:

Двајца малолетници и двајца возрасни се повредени во сообраќајна несреќа кај селото Глумово. Едното од возилата кое учествувало во несреќата побегнало.

– На 21.06.2024 во 20.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат за с.Глумово, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, кое го напуштил местото и патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Љ.(27) од Скопје, кое потоа излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ш.Љ.(49) од Скопје, додека останатите тројца сопатници, меѓу кои двајца малолетници, сите од Скопје и 27- годишната Б.Љ. се здобиле со телесни повреди констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, извести МВР.

Би можело да ве интересира

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар