Четворица потешко повредени во сообраќајка кај Гостивар

Од:

Во сообраќајна незгода која се случила утрово, четири лица се потешко повредени, а едно полесно. Возачот и тројцата сопатници се згрижени на скопските клиники.

Според СВР Тетово, околу 4 часот и 30 минути, автомобилот „сеат-ибица“ што го управувал Д.С. (31) откако се исклучил од автопатот Гостивар-Тетово, кај клучката за селото Камењане, излетало од коловозот и удрило во дрво.

Во автомбилот биле и Ф.Џ. (45), Б.А. (35), А.З. (36) кои откако им била укажана прва помош во тетовската болница, се испратени за Скопје. Петиот сопатник И.Ј.(41) поминал со полесни повреди.

Екипа на СВР Тетово извршила увид и работи на утврдување на околностите под кои довеле до незгодата.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он