Критична состојбата на тројца во „8 Септември“, од тројцата на КАРИЛ – двајца се стабилни

Од:

Во моментов, во Градската општа болница „8-ми Септември“ хоспитализирани се 18 пациенти, соопштија од Министерството за здравство. Тројца од нив се наоѓаат во критична состојба, додека пак останатите 15 пациенти се во стабилна здравствена состојба и закрепнуваат од повредите во тешката сообраќајна несреќа која се случи во близина на селото Ласкарци, на автопатот Скопје-Тетово. Еден пациент во текот на вчерашниот ден е пуштен на домашно лекување.

Во Клиничкиот центар во Скопје, пак, хоспитализирани се 6 пациенти, од кои 3 на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ, а двајца од нив се во стабилна состојба, додаваат од здравство.

Пациентот кој е хоспитализиран на Клиниката за торакална хирургија и пациентката (трудница), која се наоѓа на Клиниката за гинекологија и акушерство, се исто така во стабилна здравствена состојба, додаваат од министерството. Во моментов се изведува операција на пациентка од неврохирургија, додека пак едната пациентката која се наоѓа во тетовската болница е во стабилна и добра здравствена состојба.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он