А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Четворица обвинети за кривично дело Криумчарење признаа вина

by А1он09/06/2022 - 14:49256
Share0

Вчера во Основниот кривичен суд – Скопје, во текот на главната расправа во предметот за кој Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во месец март годинава, поднесе Обвинителен акт против седум лица и Обвинителен предлог против едно лице, четворица од обвинетите ја признаа вината, односно дека ги сториле кривичните дела што им се ставаат на товар, соопштува Обвинителството.

Добивај вести на вибер

„За кривичните дела што им се ставаат на товар судот донесе пресуди врз основа на признание на вина и тоа на обвинетите А.Ж. и Џ.Ш. им изрече ефективна казна затвор во траење од 6 месеци, додека за обвинетите Љ.Љ. и Д.К.Ш. судот донесе пресуда со која им е изречена алтернативна мерка – условна осуда, односно казна затвор во траење од 6 месеци која нема да се изврши доколку обвинетите во рок од 2 години од правосилноста на пресудата не сторат ново кривично дело. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција незадоволно од висината на изречените казни најавува жалба по добивањето на пресудата“, се наведува во соопштението на Обвинителството.

„Според обвинението со дејствијата што ги извршиле обвинетите како царински службеници сториле кривично дело Криумчарење предвидено и казниво по член 278 став 5 во врска со став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Истрагата беше отворена кон крајот на месец декември минатата година по поднесена кривична пријава од страна на Министерството за внатрешни работи. Во текот на постапката се утврди дека во месец ноември 2021 година четворица обвинети, меѓу кои двајца полициски службеници, како повеќе лица, во два наврати организирале неовластено пренесување заради пуштање во промет на таблети што содржат прекурсори, додека четворица царински службеници постапиле спротивно на нивните службени овластувања и должности. за останатите обвинети судската постапка продолжува“, се вели во соопштението на Обвинителството.​

obvinitelstvo

Би можело да ве интересира

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама

Горан Наумовски15/01/2026 - 18:55

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај

Горан Наумовски10/01/2026 - 17:53

Со потерница ќе се бара 18-годишниот бегалец кој ја прегази Љуба Јаковлеска

Горан Наумовски10/01/2026 - 15:2910/01/2026 - 15:58

СДСМ: Обвинителството мора да постапи за спорниот тендер од 1,2 милиони евра

Горан Наумовски30/12/2025 - 16:58

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство

Горан Наумовски30/12/2025 - 15:13

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

Горан Наумовски23/12/2025 - 19:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен