Четворица делчевци не го почитувале задолжителниот карантин

Од:

Основното јавно обвинителство Делчево до Основниот суд Делчево достави предлози за издавање казнени налози со кои опфати вкупно 11 лица.

Седум лица се обвинети за сторено кривично дело – Непостапување по здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик и се товарат дека не постапиле согласно Одлуката на Владата на Република Македонија за забрана и посебен режим на движење на територијата на државата.

Четворица се обвинети за истото кривично дело бидејќи не ги почитувале наредбите за спроведување задолжителна самоизолација. За време на периодот од 14 дена во кој не требало да ги напуштаат своите престојувалишта, обвинетите не биле пронајдени при вршење на контрола.

За сите обвинети лица, обвинителството предложи да им биде изречена парична казна во висина од по 2000 евра во денарска противвредност.​​

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Делчево: Нема никаква злоупотреба на службена положба, постапив според закон

А1он

Градоначалник на Делчево незаконски вработил лице кое по закон требало да биде пензионер

Поради сообраќајка во прекин е сообраќајот на патот Македонска Каменица – Делчево

Маж од Делчево на сопругата и на ќерката им испраќал заканувачки и невредливи пораки

Задутре времен застој на Г.П. „Делчево” заради градежни работи

Стан изгоре во пожар во Делчево