Четирии децениии Факултет за физичко образование, спорт и здравје

Од:

Факултетот за физичко образование, спорт и здравје при Универзитетот „Св.Кирил и Методи“ од Скопје со повеќе активности одбележува 40-годишен јубилеј од своето основање.

Во организација на Факултетот се одржа и трета Меѓународна конференција „Истражувања во физичкото образование, спорт и здравје“.

На конференцијата учествуваа повеќе од 150 автори од разни држави со повеќе од 100 научни трудови од областа на физичкото образование, спортот, спортскиот менаџмент и здравјето.

Конференцијата имаше четири сесии: физичко образование со 31 научен труд, спорт и спортски менаџмент со 30 научни трудови, здравје со 21 научен труд како и постер сесија со 12 презентации. Авторите дебатираа за новите предизивци во физичкото образование, спортот и здравјето.

Четиридеценискиот јубилеј, Факултетот за физичко образование, спорт и здравје го одбележа и со свеченост на која обраќање имаа деканката на факултетот Ленче Алексовска-Величковска, премиерот Зоран Заев, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Никола Јанкуловски, како и директорот на Агенцијата за млади и Спорт Дарко Каевски.

На свечената церемонија беше промовирана монографијата „40 години ФФОСЗ 1977/78 – 2017/18“, а беа доделени и признанија на истакнати професори, национални спортски федерации, спортисти и спортски работници, како и здруженија кои го поддржуваат спортот.

Би можело да ве интересира

На Скопскиот универзитет започнаа уписите за слободни над 9.700 места за бруцоши

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on