Четири угостителски објекти во Тетово казнети поради бучава

Од:

Пет прекршувања на прописите во поглед на дозволената бучава констатирала тетовската полиција при контрола на четири угостителски објекти вчера во Тетово, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Според неговите податоци, во кафулето „Тантра“ на ул.„ЈНА“ во Тетово, сопственост на Ф.А.(32) на двапати биле забележани повисоки нивоа на гласна музика и бучава што изнесувале 79,9 односно 74 децибели, во кафулето „Марон“ на истата улица, кое е во сопственост на Ф.С.(32) биле измерени 68 децибели, во кафулето „Либрари“ на ул.„107“, сопственост на Б.Ц.(32) биле забележани 75 децибели и кафулето „Ди Версо“ на ул.„Борис Кидрич“, сопственост на Ј.Т.(25) имало 75,1 децибел.

– На сите сопственици им се предадени записници и платни налози со кои треба да платат по 200 евра во денарска противвредност согласно член 8 став 1 од Законот за прекршоци на јавниот ред и мир, додаде Јосифовски.

Би можело да ве интересира

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи