Четири сообраќајки вчера во Скопје, пајакот отстранил 45 возила

Од:

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно четири сообраќајни незгоди. Од нив, две се со последица материјална штета и една со последица телесна повреда во која со телесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило.

Се случила и една незгода со тешки телесни повреди во 12 часот и 45 минути на крстосницата од ул. „Франк Рузвелт“, ул. „Дрезденска“ и ул. „Владимир Полежиновски“ во која учествувале патничко моторно возило „фолксваген џета“ со национална ознака на Република Бугарија, управувано од граѓанин на Република Бугарија и мотоцикл со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје. Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се четворица возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, пет возачи кои ги управувале своите возила без возачка дозвола, седум возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење и 30 возачи кои не го користеле сигурносниот појас или, пак, го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото и на истите покрај издадената покана за наплата на глоба, издадена им е и покана за присуство на сообраќајна пука.

Со помош на специјалното возило „пајак“ беа отстранети 45 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот. Во рамките на сообраќајно воспитните акции, Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај денеска ќе реализира сообраќајна поука. Истата ќе се одржи во просториите на Полициската станица од општа надлежност Гази Баба со почеток во 19 часот, на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои во својство на возачи сториле прекршоци по разни основи.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош