Четири седници на македонското Собрание

Од:

Собранието на Република Македонија денеска треба да одржи четири седници. На дневен ред на закажаната 37-ма седница е Дополнетиот предлог на закон за општата управна постапка, во второ читање, на 11-тата е Дополнетиот предлог на закон за прекршоците, а на дневен ред на 34-тата е Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за парничната постапка, двата во второ читање.

По исцрпувањето на дневниот ред на овие три седници, Собранието треба да ја почне и 59-тата седница.

Во рамки на оваа седница пратениците, меѓудругите, треба да расправаат по предлог законите за ратификација на Договорот за воена финансиска соработка помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Турција и Протоколот за спроведување на финансиска поддршка помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Турција, и на Спогодбата меѓу Република МакедониЈа и Европската унија за учество на Република Македонија во Програмата на Европската унија „Вработување и социјални иновации”.

На дневен ред на оваа седница се и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход, Предлог законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот за надградба и развој на патишта, кој ќе се склучи меѓу Меѓународната банка за обнова и развој – Светската банка и ЈП за државни патишта, и Предлог законот за дополнување на Законот за вработување на инвалидни лица, сите по скратена постапка.

Македонските парламентарци во прво читање треба да ги разгледаат и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, Предлог законот за национална база на податоци за лица со инвалидност, Предлог законот за престанување на важење на Законот за определување на услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработката со органите на државната безбедност, поднесен од пратениците Илија Димовски, Талат Џафери, Рафис Аљити, Антонио Милошоски…

Би можело да ве интересира

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители