Четири партии со писмено барање до амбасадорите за една изборна единица

Од:

Четири политички партии упатија писмено барање за една изборна единица и вклучување во работната група за изборното законодавство до амбасадорите на ЕУ, САД и ОБСЕ, како и до посредникот Питер Ван Хоуте.

Павле Трајанов од Демократски сојуз, Лилјана Поповска од ДОМ, Рубин Земон од Алијанса за позитивна Македонија и Неџат Беџети од Партија за демократски просперитет, стојат како потписници на текстот, во кој се аргументира нивното барање.

Едната изборна единица ќе овозможи Република Македонија да добие состав на Парламент кој ќе биде реален одраз на волјата на граѓаните.

На тој начин нема да се изгубат стотици илјади гласови за партии кои не се дел од големите коалиции. Ова ќе води кон демократизација на целиот систем и избегнување на политички кризи, кои, меѓу останатото, се генерираат и од изборниот модел.

img287

Би можело да ве интересира

ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!

ДОМ: Револт и неверување – пратениците покажаа отсуство на хуманост и емпатија за цивилите во Газа!

А1он

ДОМ за нападот врз Арсовска: Насилството и дивоградбите не смеат да ја урнат демократијата

ДОМ: Градоначалникот на Крива Паланка да поднесе кривична пријава до обвинителство за кривично дело екоцид

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација