Четири предвремено родени бебиња починале на Клиниката за гинекологија

Од:

Четири бебиња починале синоќа на Клиниката за гинекологија и акушерство во Клиничкиот центар „Мајка Тераза“, по што била формирана комисија за истражување на случајот.

Докторката која што вечерта била дежурна на клиниката за гинекологија била веднаш суспендирана.

Бебињата биле предвремено родени или со мултиоргански засегања и застој во растот и биле чувани во инкубатори.

Едното бебе било родено во 25. гестациска недела, друго во 27. недела и имало сериозни невролошки проблеми и проблеми со некои органи. Другите две биле родени во 29. недела, од кои едното со претходно утврден застој во растот во матката, а другото со предвремено прснат воденик и бактерија кај мајката.

Би можело да ве интересира

ГАК со нов лик: Завршена реконструкцијата, над 4.000 бебиња родени годинава

Комисијата утврди: Реанимацијата на починатото новороденче на ГАК била спроведена по протокол

Респираторна слабост причина за смртта на новороденчето на Клиниката за гинекологија

Горан Наумовски

За смртта на новороденчето на гинекологија, Министерството за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор

Катерина Ѓуровски

Првото бебе во 2025 година е машко

Катерина Ѓуровски

61-годишна жена го роди своето прво дете на Клиниката за гинекологија

Катерина Ѓуровски