Четири лица приведени поради производство и продавање дрога

Од:

Четири лица вчера се лишени од слобода за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”, откако се извршени претреси на две локации на подрачјето на Битола. Едно од лицата е лишено од слобода на граничниот премин Табановце на излез од Македонија, информира МВР.

Македонскиот државјанин Б.В.(1968) во Корча, Албанија, организирал мрежа на препродавачи и посредници за натамошна продажба на наркотична дрога со потекло од Албанија на лица во Македонија по цена од 2.000 до 2.500 евра за еден килограм марихуана и 30-40 евра за еден милилитар хашишо во масло, со цел да стекне противправна имотна корист. Откако ќе ја набавел наркотичната дрога по негови инструкции од страна на засега непознато лице преку нелегални премини била префрлувана на територија на РМ од каде што подоцна е преземана од страна на Б.В.

По остварен договор за купопродажба на марихуана В.Б. му предал на В.Р.(1983) од Битола неутврдена количина наркотична дрога марихуана, која В.Р. заедно со неговиот брат Љ.Р.(1979), исто така од Битола, и неговата сопруга К.К.Р. (1982) ја препакувале за натамошна препродажба.

На 24 септември 2015 браќата В.Р. и Љ.Р. во „форд ескорт“ со битолски регистарски ознаки препакуваната дрога ја однеле на паркинг пред бензинска пумпа во Битола каде по претходен договор ги чекале К.К.(1978) и Д.К.(1983) од Кочани. К.К. ја купил марихуаната по цена од 6.000 евра. Дрогата потоа ја сместиле во „ауди А6“ со бугарски ознаки. По извршената купопродажба К.К. заедно со Д.К., кој бил со друго возило (ауди А4) со кочански регистарски ознаки, се упатиле кон Прилеп. На регионалениот пат Прилеп – Кавадарци полиција го сопрела „ауди А6“ управувано од К.К. и при преглед под хаубата во делот на моторот пронајдени се три пакувања облепени со селотејп исполнети со растителна материја. Притоа возачот е лишен од слобода. По извршено вештачење утврдено е дека се работи за 2.787 грама наркотична дрога марихуана за што од Полициската станица Прилеп е поднесена соодветна кривична пријава.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари