Четири лица повредени во сообраќајка во Кочани

Од:

Двајца возачи и нивните сопатници се повредени во сообраќајна несреќа која што се случила во Кочани. Според полицијата, синоќа во 20.15 часот на улица „Гоце Делчев“ во населба Оризари во Кочани се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ровер“ со кочански регистарски ознаки, управувано од И.С.(18) од Кочани и патничко возило „сеат“ со кочански регистарски ознаки, управувано од С.Н.(43) од Кочани.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатникот во возилото „Сеат“, М.Н.(32) од Кочани. По укажаната помош во Јавната здравствена установа, С.Н. и М.Н. биле препратени во Медицински центар Штип, додека И.С. бил препратен во комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје. Сопатникот во возилото „Ровер“, А.Н.(27) од Кочани се здобил со телесни повреди и му била укажана помош во ЈЗУ-Кочани. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кочани.

Би можело да ве интересира

Возач на камион од Македонија загина кај Лесковац

Катерина Ѓуровски

Двегодишно дете и неговата мајка загинаа во сообраќајка кај Бујановац

А1он

Малолетници соблекоа и снимаа 6-годишно дете во училиште во Кочани

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Двajца загинати и тројца повредени во сообраќајка кај Агино Село

А1он

Aвтобус што превезуваше ученици удри во карпа – тешко повреден е придружникот на патувањето

А1он