Четири лица повредени во сообраќајка на излез од Охрид

Од:

Четири лица се потешко повредени во сообраќајната несреќа што синоќа околу 22 часот се случи во близина на самиот излез од Охрид кон Кичево.

Според полициското соопштение, во несреќата се повредени С.А. (18) од Струга, како и С.Т.(39), Р.Т.(35) и уште едно малолетно лице, сите од охридското село Велгошти. Со возило на Службата за итна медицинска помош повредените се пренесени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде се задржани на понатамошно лекување.

До несреќата дошло при судар на две патнички моторни возила марка „Волксваген голф“, едниот со струшки регистарски ознаки управуван од С.А., а другиот со охридски регистарски ознаки управуван од С.Т. , во кој уште биле и сопатниците Р.Т. и малолетното лице. Возилото  со струшки регистарски ознаки движејќи се во насока од Охрид кон Кичево излетал од патот и удрил во карпа од десната страна на коловозот по што возилото се извртело кон спротивната коловозна лента, каде во правец кон Охрид се движел „голфот“ со охридски регистарски ознаки. Притоа со предниот дел удрил во десната страна на „голфот“ со струшки таблички.

На местото на сообраќајната незгода по овластување на Јавен обвинител увид извршија екипи од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај „Охрид“, поради што сообраќајот беше пренасочен по стариот регионален пат кон Струга.

По наредба на јавен обвинител, од двајцата возачи земена е крв за анализа а врз возилата ќе биде извршено дополнително техничко вештачење.

Би можело да ве интересира

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски

Тешка несреќа кај Нови Пазар: Загина млад човек, повеќе лица се повредени

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Еден загина, а тројца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кичево – Македонски Брод

Горан Наумовски