Чествување за војводата Иљо Малешевски во Берово

Од:

Со полагање цвеќе пред бистата на патронот на Општинското основно училиште „Дедо Иљо Малешевски“ во Берово започна чествувањето на името и делото на војводата Иљо Марков (Малешевски).

Со пригодни зборови за ликот и делото на овој борец од Малешевијата за македонската кауза пред присутните на прославата се обратија директорката на училиштето Наташа Аврамска и градоначалникот на Берово, Драги Наџински.

Во културно-уметничката програма со рецитал за својот патрон се претставија членовите на рецитаторската секција, а свој настап имаа и дрмаската и музичката секција.

Покрај големиот број гости на чествувањето присуствуваше и делегација од Основното училиште „Димитар Беровски“ од Скопје.

Прославата попладнево продолжува со спортски натпревари.

Би можело да ве интересира

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ

Не се утврдени елементи на кривично дело за неовластен пристап до компјутерскиот систем во Кабинетот на Претседателката на државата

Муцунски: Патот на Македонија кон ЕУ да биде заснован врз заслугите, а не оптоварен со историјата и минатото

Уставниот суд укина одредба од Законот за социјална заштита и поведе две постапки

МВР: Претреси во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола

Предраг Петровиќ

Фондот на ПИОМ: Неточни се наводите дека Мемов изјавил оти Фондот „нема да издржи“, исплатата на пензиите е сигурна и редовна