Чествување на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј во Париз

Од:

Честувувањата на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј започна во петокот со богослужба во македонската православна црква, која им е посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Надлежниот владика за Европа, митрополитот Пимен и проф. отец Јован Таковски во петокот, саботата и денеска одржаа архиерејска богослужба за верниците.

При триденевното чествување на сесоловенските просветители, вчера во црковните простории во Париз, беа осветени и благословени новиот крст поставен на влезот од црквата, како и на обновената сала каде се одржуваат часови по македонски јазик за децата на нашите иселеници кои живеат и работат во Париз и парискиот регион.

Во рамките на одбележувањето на 1150-годишнината од Моравската мисија на Свети Кирил и Методиј, во црковните простории беше одржана и трибина за делото на Свети Кирили и Методиј од страна на проф. Јован Таковски. Предавањето беше на француски јазик за да им се доволи и на бројните французи, кои покажаа голем интерес не само за мисијата на светите браќа, туку и за историјата и случувањата во Македонија.

Би можело да ве интересира

Нов портпарол на Синодот ќе биде епископот Хераклејски г. Климент

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје

Во петок литија низ Скопје со икона на Богородица трирачица, подарок од Хиландар за МПЦ

Предраг Петровиќ

МПЦ-ОА повика на масновност на изборите