Честитки од Вељаноски за спроведени фер и демократски избори

Од:

Посакувам и се надевам дека и денешниот ден ќе помине во мирна и демократска атмосфера како што помина првиот изборен круг и со тоа со позитивна оценка да се заокружи изборниот процес што е многу значаен за Република Македонија.

Ова го порача претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски, по гласањето на избирачкото место 2571 во ОУ „Мирче Ацев“ во општина Ѓорче Петров.

– Би сакал на градоначалниците, кои се избрани во првиот круг и на оние кои ќе бидат избрани во вториот круг да им посакам успех во работата и она што го ветиле да го остварат. На граѓаните на Република Македонија сакам да им го честитам овој успех што заеднички го направивме со спроведувањето на фер и демократски избори, изјави Вељаноски.

Тој посочи дека од утре институциите на државата треба да почнат да работат нормално без оптоварување од локалните избори.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември