Честитка по повод Велигден од министерот за одбрана Јолевски

Од:

Министерот за одбрана Зоран Јолевски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до припадниците на АРМ, вработените во Министерството за одбрана и сите граѓани на Република Македонија од православна исповед.

– На овој голем празник секој од нас ги истакнува највозвишените човекови вредности. Љубовта, мирот и посветеноста се клучните доблести кои го градат нашиот карактер и се водилка во нашите животи. Дозволете ми да ја истакнам мојата почит кон сите Вас, посебно кон припадниците на АРМ прераспределени на нашата јужна граница, што со истрајност, професионалност и посветеност се справуваат со предизвиците од мигрантската криза, се наведува во честитката.

Имам исклучителна доверба во сите Вас, се посочува, дека ќе продолжите со љубов и посветеност да ја браните нашата татковина.

– Сега и во иднина секој чекор кој го правите, колку и да Ви изгледа мал, бидете уверени дека влијае во мисијата која ја имаат АРМ и Министерството за одбрана. Вашите чекори нека се во духот на денешниот празник и нека секој ден Ве исполнува со љубов и мир. Верувајте дека сè што правите има една цел – безбедноста и мирот на граѓаните на Република Македонија, стои во честитката од министерот Јолевски.

Би можело да ве интересира

Гаши: Велигден не потсетува дека меѓусебното почитување, солидарноста и добрината се суштински за напредокот на секое општество

Филипче: Велигден дава сила и надеж за справување со предизвиците, за нови и подобри почетоци

Мицкоски: Нека светлината на Воскресението биде водилка во нашите заеднички напори за изградба на праведно и хумано општество

Честитка од Сиљановска-Давкова по повод Велигден

Предраг Петровиќ

Велигденска Вокресна литургија во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје

Предраг Петровиќ

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението