Честитка по повод Велигден од Македонското друштво „Илинден“ од Тирана

Од:

Претседателот на Македонското друштво „Илинден“ – Тирана Никола Ѓурѓај денеска упати честитка по повод верскиот празник Велигден до поглаварот на МПЦ – ОА г.г. Стефан и православните верници.

– Дозволете ми во мое лично име и во име на Македонското Друштво „Илинден”-Тирана, и името на Македонското национално малцинство во Република Албанија. Вам лично, на Вашето свештенство и на сите православни верници, да ви го честитам големиот Христијански празник Воскресението Христово – Велигден. Богојавление е настан што просветлува и не поучува на прочистувањето кога постои вистинската верба. Радувајќи се на Воскреснието Христово – Велигден. Да се помолиме и да си посакаме убави празнични денови, а убавите мисли и дела, честа и достоинственоста да не следат и да се постојано со нас и оваа година. Бидете благословени и нека ни е честит големиот Христијански празник, се вели во честитката од Македонското друштво „Илинден“ од Тирана.

Би можело да ве интересира

Гаши: Велигден не потсетува дека меѓусебното почитување, солидарноста и добрината се суштински за напредокот на секое општество

Филипче: Велигден дава сила и надеж за справување со предизвиците, за нови и подобри почетоци

Мицкоски: Нека светлината на Воскресението биде водилка во нашите заеднички напори за изградба на праведно и хумано општество

Честитка од Сиљановска-Давкова по повод Велигден

Предраг Петровиќ

Велигденска Вокресна литургија во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје

Предраг Петровиќ

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението