Честитка по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици

Од:

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан и до сите православни верници, посакувајќи да го поминат во добро здравје и во многу радост.

– Претстојниот празник и годинава ќе нè потсети на значењето на светата тајна на крштевањето како еден од столбовите на христијанството. Славејќи го крштевањето на Господ Исус Христос, да го прославиме и нашето духовно раѓање и да ја потврдиме нашата вера. Токму на Богојавление – Водици да ги зацврстиме основите на нашето верување и да продолжиме со почитување и со залагање за христијанските начела за мир, заедништво и слога.

На денот кога ги осветуваме нашите води, најискрено посакувам во нашите срца да се вселат хармонијата и разбирањето, трпението и милосрдието. Во духот на овој голем празник да го поттикнуваме најдоброто во нас и најдоброто кај нашите ближни и кај нашите сограѓани, независно од нивната етничка, верска, јазична и идеолошка припадност. Само така ќе чекориме кон остварување на заедничките цели за успешна и просперитетна Република Македонија, се наведува во честитката од претседателот Иванов.

Би можело да ве интересира

Двајца скопјани кои вчера скокаа по светиот крст се спасени од давење во Вардар

Горан Наумовски

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

Мицкоски: Време е за чесност, солидарност и грижа за заедничкото добро

Горан Наумовски

Дамјан Стефановски најсреќен по фаќањето на светиот крст во Дебар

Мартин Гоџо го фати Чесниот крст на Богојавление во Охрид

Досега 140 пријавени за фаќање на крстот во Вардар на мостот „Слобода“ во Скопје