Честитка од Зоран Заев по повод празникот Курбан Бајрам

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи и до граѓаните кои го чествуваат големиот верски празник Курбан Бајрам.

„Ви го честитам големиот празник Курбан Бајрам од име на Социјалдемократскиот сојуз и во мое лично име. Празничните денови нека бидат прозорец кон духовен мир, слога, почитување, благосостојба. Тоа ќе внесе радост во вашите срца и вашите семејства, а само со спокојни граѓани е можно успешно општество.

Празниците се свети моменти кога свртувајќи се кон вистинските вредности: чесност, правда, солидарност, толеранција, трпение, искрена љубов, добиваме сила поцврсто и поодлучно да застанеме во нивна одбрана. Овие предизвици секојдневно се испречени како тестови пред нас, а наша должност како луѓе е да одолееме на искушенијата на полесниот пат, што најчесто не е правиот пат.

Изминатиот период покажа дека сите ние кои живееме на ова парче земја, независно од различностите, знаеме и сакаме да се сакаме, знаеме и имаме капацитет и волја да се почитуваме, `не мачат исти проблеми и решенијата за еден се решенија за сите.

Ве повикувам уште пообединето, повторно заедно, да застанеме еден до друг и да обезбедиме светла иднина за нас, за нашите деца и за идните генерации.

Нека ви е среќен Курбан Бајрам на сите кои го празнувате почитувани сограѓани!“

Би можело да ве интересира

Поглаварот на ИВЗ, Фетаи упати честитка на по повод Курбан Бајрам

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен