Честитка од Зоран Заев, по повод почетокот на Рамазанските пости

Од:

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз, Зоран Заев, по повод почетокот на Рамазанските пости упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница Реис ул Улема ефенди Сулејман Реџепи, до членовите на Ријасетот и до сите верници од исламска вероисповед во Република Македонија.

„Вам и на сите припадници на исламската заедница во Република Македонија, од мое име и од име на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, Ви посакувам светите Рамазански денови да ги поминете во добро здравје, благосостојба и мир во душата.

Празничните денови се прилика заедно да се потсетиме дека духовните вредности се заеднички темели што обединуваат и зближуваат, поради што треба посветено да ги чуваме, вреднуваме и да ги надградуваме.

Преку овие универзални вредности: хуманоста, љубовта, правичноста, меѓусебното разбирање, помагање, преку меѓусебното почитување, стануваат реални заедничките стремежи за спокоен живот, но и за успешен соживот.

Водилка кон остварувањето на овие цели нека бидат искрените заложби за општество на сите граѓани и на среќни граѓани, за држава во којашто мултикултурата како достојна цивилизациска придобивка е богатство со коешто Македонија и сите ние може да се гордееме“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?