Честитка од ВМРО-ДПМНЕ по повод Велигден

Од:

ВМРО-ДПМНЕ упати честитка до сите православни христијани во Република Македонија по повод најголемиот и најсветлиот христијански празник, Воскресение Христово – Велигден.

– Велигден е ден на радоста и најсветол ден. Христовото Воскресение ни подари вечен живот, за ние животот да го славиме со чиста душа и добра мисла, да си помагаме еден со друг, да го почитуваме семејството, и да живееме во спокој и мир. Блаженството и спокојот кој ги носи овој празник да ги споделиме со нашиот ближен, со нашите најмили, нашите роднини, соседи, со нашите пријатели. Само во тој дух можеме да ја исполниме целта на сопствениот живот, но и да придонесеме кон благосостојба и напредок на другите околу нас, да придонесеме за просперитетна и духовно побогата Македонија, се вели во честитката од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Велигден – зошто не е секоја година на ист ден и како се пресметува датумот

Катерина Ѓуровски

МПЦ-ОА: Овој Велигден го славиме во канонско единство

Православните верници денеска го слават Велигден

За Велигден бесплатно паркирањето во Охрид, во вторник слободен влез во музеите низ градот

(ВИДЕО) Ковачевски со спот за Велигден: Зелената боја е зелена енергија, а тоа значи поевтина струја

Државна и црковна делегација во Ерусалим на преземање на Благодатниот оган во Базиликата на Светиот гроб

Ана Ололовска