Честитка од ВМРО-ДПМНЕ по повод националниот ден на Власите

Од:

ВМРО-ДПМНЕ на сите припадници на влашката етничка заедница им го честита празникот 23 мај – Националниот ден на Власите.

– За Власите, 23-ти мај претставува афирмација на нивната култура и  традиција и постоење на нивната заедница во нашето општество. Власите, со својата богата култура и општествено делување, претставуваат нераскинлив дел од историјата на Македонија. Затоа Република Македонија искрено и недвосмилено се труди да изгради демократија на рамноправни граѓани, каде со почитување на различностите придобивки ќе имаат сите граѓани, се вели во честитката од Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Ваквите празници, како што посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ во честитката, треба да бидат повод во заедничките заложби за подобар  развој и посветла иднина на нашата држава, во која значајна улога има и  Влашката заедница, преку заедничките вредности кои го градат единството, меѓучовечкото разбирање и хармонија во нашата земја.

Би можело да ве интересира

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

(ВИДЕО) Ковачки: Вратите се отворени за секој кој сака да биде дел од тимот кој победува

А1он

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори истрага за користење службено возило за приватни цели од страна на претседателот на ССМ Трендафилов

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинувањата на Трендафилов за Стојаноска се неосновани

Горан Наумовски

СДСМ: Реформи во ВМРО, наместо нови лица – стара банда

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие на Филипче и СДС, во Собрание гласаа против „Безбеден град“, а сега велат да се казнат тие што сакаат да возат нерегистрирани возила и без возачка