Честитка од Вељаноски до верниците од католичка вероисповед за христијанскиот празник-Велигден

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски лично и од името на пратениците на бискупот скопски и апостолски егзарх Киро Стојанов и на верниците од католичка вероисповед во Република Македонија им го честита најголемиот христијански празник, Воскресение Христово – Велигден.

– Ова е празникот кој ја носи најголемата радост и има посебно место во животот на сите христијани во светот. Велигден не поттикнува на добра мисла, радост и духовни победи. Христовото воскресение ни ја откри смислата за животот и не направи вечни победници над смртта. Овој голем ден нека продолжи и понатаму да биде изворот на спокој и мир и да ни дава сила да се бориме против неправдата бидејќи не опкружува сите нас. Ние со нашето христијанско делување мора да го славиме животот, со чиста душа и добра мисла, да бидеме скромни, да си го почитуваме семејството, да се почитуваме меѓусебно и да си помагаме еден со друг. Христијанските вредности кои треба да ги почитуваме ни се водилка за да создаваме дела за доброто на сите луѓе, се вели во честитката од Вељаноски.

Претседателот на Собранието во честитката го истакнува личен придонес бискупот скопски и апостолски егзарх Киро Стојанов, како и придонесот на Католичката црква во Република Македонија за мир меѓу луѓето и градење доверба без разлика на етничка или религиска определба.

– Нашето историско минато не има научено дека само заедно и сплотено можеме да се бориме со препреките и предизвиците кои следат, стои во честитката од Вељаноски за христијански празник, Воскресение Христово – Велигден.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

Милошоски: Измени на Кривичниот законик за намалување на ризиците поврзани со членството во СЕПА

(ВИДЕО) Опозицијата го критикува вториот ребаланс на Буџетот: Висок дефицит и намалени капитални инвестиции

Законот за јавни набавки повторно во Собранието, поднесени 2.158 амандмани

Катерина Ѓуровски

За измените на Законот за јавни набавки поднесени 2.158 амандмани, ВМРО-ДПМНЕ бара бришење на членот оспорен од претседателката Сиљановска Давкова

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска