Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски, по повод најголемиот христијански празник, Воскресение Христово–Велигден, упати честитка до Бискупијата скопска, бискупот скопски и апостолски егзарх, г. Киро Стојанов и до Евангелско-методистичката црква во Република Македонија, претседателот г. Емил Заев.
Во честитката Вељаноски од свое лично име и од името на Собранието на Република Македонија на сите верници од католичка вероисповед и на сите верници на Евангелско-Методистичката црква во Република Македонија им упати искрени честитки по повод најголемиот христијански празник, Воскресение Христово – Велигден, посакувајќи им на сите верници овие свети денови да ги поминат во духовен мир, со многу здравје, радост и бериќет во секој дом.