Честитка од Вељаноски до еврејската заедница за празникот Јом Кипур

Од:

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски упати честитка до Еврејската заедница по повод еврејскиот празник Јом Кипур.

Во неа, Вељаноски упатува желби за мир, среќа и љубов до претседателката на Еврејската заедница во Република Македонија, Берта Романо-Николиќ и до сите припадници на Еврејската заедница.

– Во овие празнични мигови бидете исполнети со духовен мир, надеж и со убави и чисти мисли. Силно сум убеден дека заеднички можеме да го одиме патот кон просперитетот и развојот на нашата држава. Преспективна иднина за нас и нашите деца можеме да имаме само ако меѓусебно се почитуваме, безусловно се подржуваме и заеднички да ги делиме вредностите на разбирањето, мирот и толеранцијата, вели Вељаноски во честитката.

Би можело да ве интересира

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците

Германските трговци очекуваат слаба продажба за време на празничната сезона

Еврејски активисти нападнати во Франкфурт

Херцог го осудува вандализмот врз еврејските институции во Париз

Австралија: Медицински работници тврдат дека убиваат израелски пациенти

Горан Наумовски

Во 2025 година пет продолжени викенди