Честитка од Вељаноски до Евангелско-методистичката црква по повод Велигден

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски по повод големиот христијански празник Велигден упати честитка до вернците од Евангелско-методистичката црква и до Емил Заев.

– Почитуван Емил Заев, дозволете ми, од свое лично име и од името на Собранието на Република Македонија, Вам лично и на сите верници на Евангелско-методистичката црква во Република Македонија, да Ви го честитам големиот христијански празник, Воскресение Христово – Велигден, се вели во честитката од Вељаноски.

Велигден, се посочува, не поттикнува на добра мисла, радост и духовни победи. Христовото воскресение ни ја откри смислата за животот и не направи вечни победници над смртта.

– Како христијани потребно е да сме насочени кон почитување на највисоките морални и етички вредности и да сме истрајни во нашите цели. Овој голем ден нека продолжи и понатаму да биде изворот на спокој и мир и да ни дава сила да се бориме против неправдата. Нашиот успех и напредок се темели на создавање на добри дела и почит кон сите луѓе, се нагласува во честитката.

Убеден сум дека, се додава, дека  придонесот на Евангелско-методистичката црква во Република Македонија со својата хумана и духовна работа придонесува во јакнењето на религиската различност и соживотот кој пак ни го отвора патот на просперитетна иднина на Република Македонија.

– Вам, како и на сите верници на Евангелско-методистичката црква од Македонија и светот, Ви посакувам овие свети денови да ги поминете во духовен мир, со многу здравје, радост, среќа и бериќет во секој дом. Христис Воскресна!, се истакнува во честитката од Вељаноски до Емил Заев и верниците од Евангелско-методистичката црква поповод Велигден.

Би можело да ве интересира

Гаши: Велигден не потсетува дека меѓусебното почитување, солидарноста и добрината се суштински за напредокот на секое општество

Филипче: Велигден дава сила и надеж за справување со предизвиците, за нови и подобри почетоци

Мицкоски: Нека светлината на Воскресението биде водилка во нашите заеднички напори за изградба на праведно и хумано општество

Честитка од Сиљановска-Давкова по повод Велигден

Предраг Петровиќ

Велигденска Вокресна литургија во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје

Предраг Петровиќ

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението